Кошаркарската репрезентација на САД, најголемиот фаворит за освојување на златото на ОИ во Париз, ќе игра во група со Србија, Јужен Судан и победникот во квалификацискиот турнир во Порторико.
Светскиот првак Германија, ќе игра против домаќинот Франција, потоа Јапонија, и победник од квалификацискиот турнир во Летонија.
Во групата А се најдоа Австралија, победниците од квалификацискиот турнир од Грција и од Шпанија, и селекцијата на Канада.
ГРУПА А: Австралија, победник од квалификациски турнир во Грција, Канада, победник од квалификацискиот турнир во Шпанија.
ГРУПА Б: Франција, Германија, Јапонија, победник од квалификацискиот турнир во Летонија.
ГРУПА Ц: Србија, Јужен Судан, победник од квалификацискиот турнир во Порторико, САД.
Групната фаза ќе се игра во Лил, а завршницата ќе се игра во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

