Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, се одлучи да игра на мастерсот во Мајами, и покрај тоа што нејзиниот дечко во вторникот наутро извршил самоубиство.
Според пишувањето на „Тенис Ченел“, Сабаленка одлучи да настапи, но да нема прес конеренции. Втората тенисерка на светот доживеа трагедија во Мајами, каде дојде после Индијан Велс. Нејзиното момче Константин Колстов, хокеар, дошол во Мајами да ја бодри, но е пронајден мртов.
Претходно беше објавено дека има крвно згрутчување, но полицијата во Мајами објави дека станува збор за самоубиство. Колстов скокнал од балкон, спасувачката служба реагирала и го пренеле во болница, но не успеале да го спасат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

