Кошаркарите на Партизан беа подобри од Басконија со 87-83 во дуелот од 30. коло во Евролигата. Навивачите на белградските „црно-бели“ имаа двојна причина за радост, откако пред мечот побараа нов договор за тренерот Жељко Обрадовиќ, а тој најави дека ќе ја продолжи верноста кон сегашниот клуб.
На теренот Партизан диктираше темпо уште на стартот на мечот, и ја доби првата четвртина со 23-16. Кошаркарите на Обрадовиќ имаа мал пад во втората четвртина, па на полувреме заминаа со „тесни“ 44-42.
Во третиот период Партизан одново успеа да направи солидна разлика, но до крајот стравуваше за победата, затоа што Басконија не дозволуваше белградскиот тим да се одлепи на сигурна разлика во последниот период. Во еден миг Басконија го искористи падот во нападот на Партизан, и се доближи и до негатива од четири поени на една минута до крајот на средбата. Тоа беше доволна причина Обрадовиќ да побара тајм-аут.
Никој не очекуваше, но на крајот се случи драма во Белград откако и по тајм аутот Басконија дополнително се доближи и дојде до 85-83. Сепак, Доизер реализираше и Партизан на неколку секунди до крајот „избега“ на +4. Басконија не успеа да се врати во последниот напад, па славјето во Белград можеше да почне.
Претходно Макаби Тел Авив славеше на домашен терен над Асвел со 98-90, благодарение на одличната игра и пресвртот во последната четвртина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА