Денвер ги искористи проблемите на Минесота, за да слави победа со 115-112 на гостински терен. Се очекуваше лесна победа на Јокиќ и соиграчите, со оглед дека имаа предност од +18, меѓутоа Минесота успеа да ја стигне, па во еден момент во третатата и четвртата четвртина да се стекне и со водство, но на крајот Денвер остана „прибран“ и стигна до триумф.
Кој друг ако не Јокиќ беше најдобар на терен со 35 поени и 16 скока.
Од синоќешните НБА натпревари, само Орландо ја одбрани честа на домаќините и славеше над Шарлот со 112-92. Победникот беше решен уште по првиот дел кога „магичните“ се стекнаа со предност од 35 поени разлика, а во еден момент имаа и +41 во првиот дел. Малку се опуштија во второто полувреме, но предноста беше недостижна. Ентони од Орландо и Милер од Шарлот уфрлија по 21 поен.
These four got it goin’ tonight 👏
Jamal: 18 PTS / 4 REB / 11 AST
Joker: 35 PTS / 16 REB / 2 AST
AG: 14 PTS / 11 REB / 2 AST
Mike: 26 PTS / 4 REB / 1 AST pic.twitter.com/Bec2aamLlK— Denver Nuggets (@nuggets) March 20, 2024
Далас на крилата на Дончиќ успеа да слави победа над Сан Антонио со 113-107. Дончиќ уфрли „само“ 18 поени, но имаше трипл-дабл учинок со 10 скока и 16 асистенции. Неговиот соиграч Ирвинг беше најефикасен со 28 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Шарлот 112-92
Вашингтон – Хјустон 114-137
Бруклин – Њу Орлеанс 91-104
Сан Антонио – Далас 107-113
Минесота – Денвер 112-115
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА