За голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа оваа сезона е завршена. Само што се врати од тешката повреда на лигаментите, белгискиот интернационалец се повреди на тренинг на „кралевите“, односно настрада менискусот на десното колено.
Голманот денеска беше на нова операција, и сега следува рехабилитација. Најновите прогнози се дека ќе паузира најмалку два месеци. Сезоната за него веројатно е завршена, а во прашање е настапот за Белгија на Европското првенство во Германија.
Куртоа на самиот почеток од сезоната ги скина лигаментите на коленото, по што голот на Реал сезонава го чуваа Андреј Лунин и Кепа Аризабалага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА