Темата околу трансферот на холандскиот Ф1 возач Макс Ферстапен, добива се поголема димензија, а се тргна по секс скандалот во кој бил вмешан и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Британската Ф1 легенда Џони Херберт, откри дека Ферстапен е блиску да го смени тиумот, а смета дека Ред Бул треба да искористи се што е можно да го спречи тоа.
Тој смета дека сканталот со Хорнер може да придонесе за распад на Ред Бул.
„Не е тоа добра работа за Ф1, тоа не помага за ситуацијата во Ред Бул, кој го има најдобриот возач на светот во овој момент. Многу се блиску да го исфрлат Ферстапен од тимот, а слушнав дека е блиску до договор со Мерцедес“, рече Херберт.
Ферстапен во Мерцедес би требало да го замени Луис Хамилтон, кој од идната година ќе возиза Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА