Хајдук и Динамо Загреб на 30. март ќе го играат најголемото дерби во рамките од 28. коло на „Пољуд“, дерби кое може ќе биде одлучувачко за титулата.
За да нема никакви сомнежи, судии од Германија ќе го судат ова дерби. Станува збор за еден од најдобрите европски судии, Даниел Зиберт, кој е од елитната категорија на УЕФА судии.
Ова доаѓа после ВАР аферата во Хрватска, па така хрватската федерација одлучи дербијата до крајот на сезоната да ги судат странски судии.
Зиберт во минатото го судеше и грчкото дерби помеѓу Панатинаикос и ПАОК. Зиберт е судија со ФИФА значка до 2015 година, а почна со судење во 2007 година. Досега има 165 натпревари во Бундеслигата. Зиберт минатата година го судеше финалето во Купот на Германија помеѓу Лајпциг и Ајнтрахт. Исто така ја делеше правдата на ЕП 2020 година и на Мундијалот во 2022 година. Во ЛШ е судија од 2018 година, и досега делел правда на 13 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА