Партизан го доби првиот предизвик во двојното коло на Евролигата славејќи против Басконија во одличен натпревар, а сега пред избраниците на Жељко Обрадовиќ е нова средба против шпански клуб во Белград каде во четврток гостува Реал Мадрид.
На овој натпревар актуелниот шампион на Евролигата може да биде драстично ослабен со оглед на стомачниот вирус кој владее во шпанските редови. Поради истиот на средбата против Алба не настапи Џанан Мауса, а голема е веројатноста дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе го пропушти гостувањето во Србија.
И доколку одличниот бек успее да ги надмине проблемите тој ќе добие само минимална минутажа, пренесуваат шпанските медиуми.
Покрај Муса со проблеми се соочуваат и Марио Хезонја, Факундо Кампацо и Габриел Дек, но Хрватот и двајцата Аргетнинци настапија против германскиот евролигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА