Јувентус ја одреди казната за Влаховиќ

Напаѓачот на Јувентус Душан Влаховиќ, ќе мора да плати парична казна од 70.000 евра поради фрустрациите кои ги искажа кон тренерот Масимилијано Алегри откако беше исклучен од игра за само 10 секунди заработувајќи два жолти картони.

Веднаш по мечот однесувањето на Србинот го коментираше и Алегри, кој најави дека ќе има казна за голгетерот, а управата веднаш донесе одлука за санкцијата што ќе му биде изречена на најдобриот стрелец на тимот.

„Газета“ пренесува дека казната ќе биде 70.000 евра, односно 5% од неговата неделна плата. Влаховиќ сезонава постигна 15 голови во 27 натпревари за „Старата дама“.

Дополнително, Влаховиќ ќе мора да паузира и поради црвениот картон за кој му е изречена суспензија од еден натпревар.

Се вчитува...