Ливерпул донесе и нов спортски директор, еве што е следно на ред…

Ливерпул го повлече новиот потег во реконструкцијата на раководните структури, именувајќи го Ричард Хјуз за нов спортски директор на тимот почнувајќи од 1 јули. Хјуз, кој до крајот на оваа сезона ќе ја извршува истата функција во Борнмут, е избор на новиот извршен директор Мајкл Едвардс, кој во 44-годишниот директор гледа идеален соработник кој би работел блиску со наследникот на Јирген Клоп во сферата на трансферите и планирањето на играчкиот кадар.

Ричард Хјуз е „виновникот“ за неколку извонредни трансфери во Борнмут на играчи чија вредност значително се зголеми во последните две години, тој важеше за прв избор на Едвардс во потрагата за нов спортски директор, што резултираше со денешно официјално потпишување на договорот.

Иако ќе остане како прв оперативец на Борнмут до крајот на сезонава, Хјуз ќе мора што поскоро да се фати за работа и во новиот клуб. Причина – договорите на Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и на Трент Александер Арнолд истекуваат во јуни 2025 година, па „црвените“ ќе настојуваат веќе до крајот на сезонава да бидат потпишани нови бидејќи во спротивно и цената на овие врвни фудбалери на пазарот значително би се намалила кога тие би влегле во последната година од актуелните договори.

Како што најавуваат англиските медиуми, приоритет во следните два месеца ќе биде да се продолжи соработката со Ван Дајк и со Александер Арнолд, додека за Салах ќе се почека летото, за кога е најавена нова офанзива од Саудиска Арабија и понуда од 150 милиони фунти, која доколку навистина пристигне ќе биде прифатена од Ливерпул, а парите ќе биде инвестирани во нови засилувања.

Се вчитува...