Џеко: Ова е прв пат никој ништо да не очекува од БиХ

Селекцијата на БиХ утревечер ќе ја пречека Украина во рамките од баражот за пласман на ЕВРО 2024, а капитенот Един Џеко е оптимист дека неговата репрезентација ќе успее да стигне до посакуваниот резултат.

Искусниот голгетер му ја препушта улогата на фаворит на противникот, верувајќи дека токму непостоењето на вообичаениот притисок врз босанскиот национален тим ќе биде клучен фактор на крајот да се стигне до победата.

„Искрено, имам чувство дека е прв пат никој ништо да не очекува од нас. Тоа може да биде и добра работа, ќе нема дополнителен притисок, страв од неуспех, ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од сете. Кога ќе дојдеш до ваков бараж, една-две средби те делат до пласманот на ЕП, шансата е пред нас. Не бевме доволно добри во квалификациите, ако ја гледаме формата може да се каже дека Украина е фаворит. Сепак, јас мислам дека шансите се 50-50 и се ќе зависи од нас, ако излеземе на терен и одиграме онака како што знеме, можеме да стигнеме до триумф“, изјави Џеко.

Се вчитува...