Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години не успеа триумфално да го почне настапот на квалификацискиот турнир за ЕП 2024 што ќе се одржи во Северна Ирска во јули годинава.
Прв противник на нашите млади фудбалери беше Украина, која покажа повеќе на теренот на стадионот „Петар Милошевски“ и заслужено славеше. Победникот беше решен кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме, најпрвин Кревсун во судиското продолжение ги доведе гостите во водство од 0-1, за Пономаренко во 48. минута да ги постави конечните 0-2.
Македонија ги одигра последните петнаесет минути со фудбалер помалку откако Мелиќи доби два жолти картона за две минути (74. и 75. минута) и мораше предвреме да се упати кон соблекувалните.
Во првиот меч од денешната програма од турнирот во Скопје селекцијата на Швајцарија ја совлада Летонија со 1-0. Токму Швајцарците се наш следен ривал од овој квалификациски турнир, меч на кој Македонија ќе мора да оди на победа ако сака да ги задржи шансите настап на европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА