Јуре Планиниќ одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Пелистер во АБА2 лигата, помагајќи му на македонскиот вицепрвак да слави на дуелот со Борац Бања Лука што е од огромна значење во борбата за место во нокаут фазата од елитното натпреварување.
Планиниќ апсолутно заслужено беше избран за МВП на ова 11. коло од АБА2 лигата откако одличниот центар собра дури 36 индексни поени. Поточно, тој мина на теренот 36 минути против Борац, период во кој стигна до 21 поен, доминирајќи во рекетот со 15 скокови (дури седум од нив офанзивни) надополнети со пет асистенции и десет изнудени прекршоци.
Сето тоа беше доволно за 36 индексни поени и МВП признание пред кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Баковиќ, кој собра 34 индексни поени во победата над ТФТ.
Баковиќ со 22 поени беше најефикасен во оваа единаесетта рунда од елитното натпреварување, еден повеќе од Планиниќ од Пелистер и од Филип Барна од тимот на Спартак Суботица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА