Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси пред пријателскиот натпревар со Русија изјави дека сака да се држи само до спортските работи и да не говори за политичките случувања во Европа и светот.
Ова ќе биде првпат руската фудбалска репрезентација да игра против европска репрезентација откако пред две години беше исфрлена од УЕФА и ФИФА поради политичките санкции.
„Знам за паузата што ја има Русија, но не би навлегувал во тоа. Единствено што знам е дека дојдовме да одиграме квалитетен натпревар против силна репрезентација. Нема врска со тоа што Русија две години не игра европски натпревари. Тоа е исклучително силен тим, со брзи играчи. И ќе биде многу тежок натпревар за нас, пред се добар тест. Да се држиме до спортот, а не до политиката“, изјави Стојковиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА