Фудбалер на Црвена звезда исфрлен од репрезентација поради тоа што сакал и брат му да спие во хотелот со него

Играчот за врска на Црвена звезда, Гелор Канга е исфрлен од репрезентацијата на Габон поради нарушување на дисциплината.

Според африканските медиуми, Канга ја прекршил дисциплината сакајќи да ги смести својот брат и неговата сопруга во хотелот во кој престојува репрезентацијата во Париз. Забраната за тоа доведе до инцидент и негово отстранување од репрезентацијата.

Канга ќе ги пропушти пријателските натпревари со Сенегал и Конго, а прашање е дали во иднина ќе добие повик од селекторот Тиери Муом.

Се вчитува...