Мијатовиќ: Србија и Пикси може да направат нешто големо на ЕП

Поранешниот југословенски репрезентативец и легенда на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ е во Москва како гостин на Фудбалскиот сојуз на Србија на пријателскиот натпревар против Русија.

По тој повод тој се потсети на репрезентативните денови, но даде и свое мислење за „орлите“ под водство на неговиот поранешен соиграч Драган Стојковиќ.

„Да ми кажеше некој во 2000 година дека репрезентацијата ќе чека толку долго за нов пласман на ЕП, немаше да верувам. Тоа е навистина долг период, но Пикси прво ја однесе репрезентацијата на Светско првенство, што е важно и позитивно, а потоа и на ЕП. Тоа е добар циклус, поврзани две големи натпреварувања и јас сум апсолутно сигурен дека тоа не завршува тука. Се надевам дека тимот е способен да направи се што е потребно и имам чувство дека ова Европско првенство ќе се случи нешто големо за Србија“, изјави Мијатовиќ.

Се вчитува...