Проблеми за Милвоки: Јанис нема да биде подготвен за дербито против Бостон

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, поради повреда ќе го пропушти дерби натпреварот во НБА лигата против Бостон селтикс, кој ќе се одигра ноќта меѓу среда и четврток, пренесуваат американските медиуми.

Пред три дена, поради повреда на тетивата, Адетокумбо го пропушти мечот со Феникс санс кој заврши со победа на Милвоки со 140-129.

Американските медиуми пренесуваат дека грчкиот кошаркар се уште не е опоравен од повредата. Оваа сезона Адетокумбо има просек од 30,8 поени и има 11,2 скока и 6,4 асистенции по натпревар во НБА.

Бостон е на првото место на табелата во Источната конференција на НБА со 54 победи и 14 порази, додека Милвоки е втор со скор 44/24.

Се вчитува...