Шок: Сабаленка раскинала со Колцов два дена пред неговото самоубиство?!

Арина Сабаленка реши да настапи на ВТА турнирот во Мајами само два дена по трагичната смрт на нејзиното долгогодишно момче Константин Колцов, кој изаврши самоубиство паѓајќи од 23. кат од балконот од својата соба во хотелот каде што престојуваше во Мајами.

Неговата поранешна сопруга во текот на вчерашниот ден изјави дека тој најверојатно бил пијан кога паднал од балконот, а утрово пристигнуваат нови информации. Имено, Сабаленка и Колцов не биле во врска во последните денови откако белоруската тенисерка му раскинала на екс-хокеарот два дена пред неговата смрт.

Тоа го потврди и самата Сабаленка во својата прва објава по смртта на нејзиниот повеќегодишен партнер, со кого беше во врска од 2021.

„Смртта на Константин за мене е незамислив трагедија. Иако повеќе не бевме во врска, моето срце е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овите тешки моменти“, објави Сабаленка.

Белорусинката реши да настапи во Мајами, каде ќе игра во црна опрема и во договор со организаторот нема да има обврска да се појавува на прес-коференции или да дава било какви изјави за медиумите.

Се вчитува...