Директорката на женската академија на Формула 1, Сузи Волф, покрена правна постапка против Меѓународната aвтомобилистичка федерација (ФИА) поради контроверзна истрага за конфликт на интереси.
Во нејзината улога во Формула 1, Сузи Волф е директорка на женската академија и директно му одговара на претседателот Стефано Доменикали. Нејзиниот сопруг Тото Волф е директор и косопственик на Формула 1 тимот на Мерцедес и спортски директор на компанијата Мерцедес.
Бизнис магазинот Формула 1 објави во декември дека шефовите на тимовите во Формула 1 се загрижени дека Сузи и Тото Волф споделуваат доверливи информации од нивните работодавци.
Наводно, на една средба Волф кажал доверливи информации што може да ги добие од сопругата. Волф рече дека поднела кривична пријава до францускиот суд поради изјавите дадени за неа од ФИА минатиот декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА