Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска продолжува со одличните партии на турнирот во Шарм ел Шеик, откако во четвртфиналето славеше со 2-0 (6-1 и 7-5) против Италијанката, Џулијана Бестети.
Стоилковска го освои првиот сет со 6-1, додека во вториот Бестети даде поголем отпор, меѓутоа тоа не ја спречи Македонката со 7-5 да обезбеди пласман во четвртфинале на турнирот.
Следна противничка на Стоилковска во Египет ќе и биде Дарија Кучер од Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

