Пешиќ: Сакам на ОИ за Србија да играат и Јокиќ и Мициќ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ изјави надеж дека НБА кошаркарите Никола Јокиќ и Василије Мициќ ќе играат за репрезентацијата на престојните Олимписки игри во Париз.

Кошаркарите на Србија се најдоа во група со САД и Јужен Судан, како и со победник од квалификацискиот турнир во Порторико, каде ќе играат селекциите на Мексико, Брегот на Слоновата коска, Литванија, Италија, Порторико и Бахраин.

„За нас не е лошо што играме прво со САД, а второ ако се пласираме во 1/4 финалето, каде секогаш е најважниот натпревар на сите натпреварувања, нема да се соочиме со нив. Но, не треба да ги потцениме ниту Јужен Судан. Игра модерна кошарка, многу агресивна со транзиција во нападот, и тоа е уште една потврда дека секој меч ќе биде тежок. Ако сакаме да дојдеме до медал, мора да ги добиеме сите натпревари до полуфиналето. Се надевам дека ќе ни се приклучат и Јокиќ и Мициќ. Имаат долги сезони, но ќе видиме дали ќе заршат без повреди и проблеми. Има и други играчи, но зборувам за нив двајцата затоа што беа дел од оваа генерација, и голема е предност да имаме играчи кои веќе играле заедно“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...