Македонската ракометна репрезентација на ждрепката во Копенхаген попладнево ги доби противниците со кои ќе се сретне во квалификациите за ЕП 2026, шампионатот што за две години ќе се одржи во трите скандинавски држави, Данска, Шведска и Норвешка. Ждребот беше наклонет на нашите ракометари, кои почнувајќи од претстојната есен ќе водат битки со селекциите на Словенија, Литванија и на Естонија.
Литванија и Естонија се репрезентации што и според реномето и според квалитетот се далеку зад нашиот национален тим, па јасно е дека шансите за пласман на следниот европски шампионат се огромни. Словенците важат за големи фаворити во групата, но станува збор за селекција против која можеме да играме и дефинитивно не е дел од самиот врв на европскиот ракомет.
Согласно пропозициите, пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации од осумте квалификациски групи.
ГРУПА 1: Словенија , МАКЕДОНИЈА , Литванија , Естонија.
ГРУПА 2: , Црна Гора, Словачка , Финска.
ГРУПА 3: Унгарија, Исланд, Грција, БиХ , Грузија.
ГРУПА 4: ,Шпанија, Србија , Италија , Летонија.
ГРУПА 5: Хрватска, Чешка, Белгија , Луксембург.
ГРУПА 6: Холандија , Ф. Острови, Украина, Косово.
ГРУПА 7: Германија, Австрија, Швајцарија, Турција.
ГРУПА 8: Португалија, Полска, Романија, Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА