Одбиена жалбата на Реал Мадрид, Винисиус еден меч на „ладење“

Натпреварувачката комисија на шпанската федерација ја одби жалбата на Реал Мадрид да му го поништи жолтиот картон на Винисису Јуниор. Тимот од „Сантијаго Бернабе“ поднесе барање против судијата Хуан Мартинез Мунера, барајќи да му се поништи картонот на својот играч, кој го доби на натпреварот со Осасуна, со образложение дека арбитарот намерно ги игнорирал навредите упатени кон напаѓачот.

Комисијата за натпреварување не смета дека навредите од трибините се доволни за да ја се поништи картонот.

Тоа беше петтиот жолт картон за Винисиус од почетокот на сезоната, и поради тоа ќе мора да паузира на следниот меч, на домашен терен со Атлетик Билбао на 31. март.

Се вчитува...