Репрезентацијата на Грузија обезбеди место во финалето на баражот за пласман на Европското првенство во 2024 година. Грузијците на домашен терен ја совладаа селекцијата на Луксембург со 2-0, и така се пласираа во финалниот меч.
Головите за Грузија ги постигна Зивзивадзе кој беше стрелец и во 41. минута и во 64. минута од мечот. За потсетување, Грузија играше без Квича Кварацхелија, кој е суспендиран.
Во финалето за битката за пласман на ЕП, Грузијците ќе играат со подобриот од мечот Грција – Казахстан, кои играат вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА