Русите првпат по стартот на војната во Украина одиграа пријателски меч, и ја „потопија“ Србија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Русија го одигра првиот интернационален пријателски натпревар по стартот на војната во Украина, одигрувајќи тест дуел во Москва со селекцијата на Србија на кој славеше со убедливи 4-0.

Русите, очигледно желни за интернационален фудбал, целосно ја надиграа Србија.

Домашните поведоа со голот на Миранчук од пенал во 22. минута, а Осипенко во 32. минута зголеми и на 2-0.

Во 55. минута Миранчук со својот втор гол зголеми и на 3-0, а Сергеев во 91. минута заокружи на 4-0.

Србија од 21. минута играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Гајиќ кој доби директен црвен картон.

Се вчитува...