Во претпоследниот натпревар од регуларниот дел во АБА2 лигата, Пелистер не успеа да слави против Подгорица во рамноправен натпревар, во кој противникот имаше само посреќен финиш за триумф од 86-81.
Тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ по мечот истакна дека нема за што да им замери на своите кошаркари кои покажаа максимална борбеност.
„Честитки за победата на противникот. Мислам дека немаше да биде незаслужено ако и ние триумфиравме. Имавме водство повеќе од 30 минути, но се чини дека заморот си го направи своето, но и нивното најсилно оружје – поените од транзиција кои ни направија многу проблеми. Нема што да им се замери на моите играчи, се бореа и имаа желба за победа. Одиме на победа на последниот натпревар“ – изјави по мечот Радуловиќ.
Во последното коло Пелистер игра со Суботица, во желбата за победа за место во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА