Кошаркарите на Партизан не успеаја да ја искористат феноменалната атмосфера во „Штарк арена“ во Белград, и загубија со 76-88 од големиот фаворит Реал Мадрид во 31. коло од Евролигата.
„Кралевите“ покажаа дека не им смета многу „пеколот“ во Белград, па го искористија својот квалитет за да дојдат до победата со која го отежнаа патот на Партизан до плеј-ин разигрувањето во Евролигата.
А, Партизан цели 27 минути имаше „егал“ со Реал. Водеа „црно-белите“ и во поголемиот дел од трите периоди, најмногу со пет поени разлика, но дозволија невидено „исклучување од игра“ во последните три минути од третата четвртина и шпанскиот тим направи серија од 0-14, па од 54-52 дојде до 54-66 пред стартот на последниот период од играта.
Like a knife through butter 🧈
Avramovic through the defence 😤 #MotorolaMagicMoment I @Moto pic.twitter.com/nbp9DspmXL
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 21, 2024
Тоа беше пресудно за победата. Во последната четвртина Реал само рутински ја одржуваше предноста за конечен триумф од 12 поени разлика.
Марио Хезоња со 22 поени едноставно беше незадржлив за партизановата одбрана, а кај белграѓани повторно најдобар, како и на претходниот меч со Басконија, беше Френк Камински со 19 поени. Џејмс Нанели заврши со 17 поени кај Партизан.
Партизан до крајот на регуларниот дел ќе игра со Олимпијакос (дома), Алба Берлин на гости и против Валенсија во Белград во последното коло, во битката за најмалку две победи кои би го одвеле во плеј-ин разигрувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА