Репрезентацијата на Србија дожибеа дебакл со поразот од 4-0 на пријателскиот натпревар против Русија во Москва, во рамките на подготовките за настапот на ЕП 2024.
Сепак, според селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси, нема простор за паника. Мечот не успеал да ги даде посакуваните тактичка проверка на некои варијанти, затоа што истиот бил уништен од судијата кој уште во раната фаза од мечот, од 21. минута, ја остави Србија со фудбалер помалку.
„Се што сакавме да пробаме во тактичка смисла пропадна во вода после 20 минути. Црвениот картон беше огромна предност за рускиот тим. После тоа, беше тешко да се игра во силен ритам и да се забележи подобар резултат. Според мене, непотребно добивме двојна казна и тоа беше престрого. Судијата на некој начин ја уништи идејата за еден квалитетен тест-меч. И сега воопшто не е важно дали беше 2-0, 3-0 или 4-0 кога ние не бевме во егал и не можевме да пробаме некои варијанти кои ги планиравме“ – истакна Стојковиќ по натпреварот, притоа дополнувајќи:
„Нема простор за паника. Продолжуваме понатаму, имаме зад нас еден промашен тест, но сега најважно е да се вратиме на нивото кое се очекува од нас. Се надевам дека мечот со Кипар ќе го завршиме со 11 играчи на теренот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА