Македонија нема ниту позитивен ниту негативен биланс од дуелите со Молдавија. Трите натпревари завршиле нерешено 0-0, 2-2 и 1-1, со што се чека првиот триумф на македонскиот национален тим против оваа селекција.
Последниот дуел на Македонија со Молдавците е во сега веќе далечната 2009 година, на пријателска средба која заврши 1-1. Претходните два меча се во рамките од квалификациите за СП 2002 година, кога најпрво на гостински терен „ремизиравме“ 0-0, за потоа на домашен терен во 2001 година да одиграме 1-1.
Пријателскиот дуел исто така се одигра во Турција, а еве ги најинтересните моменти од тој меч. Стрелец на единствниот гол на нашата селекција беше Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА