Партизан и Реал Мадрид за прв пат оваа сезона си ги одмерија силите во Белград. Во спектаклот во „Штарк арена“ навивачите во „црно-бело“ се надеваа за одмазда за поразите во плеј-офот претходната сезона, но и овој пат „кралскиот тим“ беше оној кој се радуваше на триумф.
До истиот Реал Мадрид го предводеше Марио Хезонја, хрватскиот кошаркар кој блесна на теренот со 25 поени, 6 скокови и 4 асистенции.
Хрватот по средбата говореше за медиумите каде едно од прашањата беше посветено на немилата сцена од Мадрид во вториот плеј-оф натпревар во кој дојде до тепачка меѓу кошаркарите на српскиот и шпанскиот тим.
„Луѓето од овој регион нема така лесно да заборават на тој немил настан. Мора да ги разберете, тие се во право, но мора да се најде начин да остане тоа во минатото. Партизан и Реал Мадрид се пријателски клубови затоа и ги повикувам навивачите на Партизан да пробаат да заборават. Таквите работи се случуваат, поготово кога се борите во плеј-оф во Евролигата. Само ми е жал што се случи на дуел помеѓу овие два клуба“, изјави Хезонја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА