Миовски носи водство за Македонија на полувреме против Молдавија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 на полувреме против Молдавија во пријателскиот натпревар кој се игра во Анталија.

Првата шанса нашите фудбалери ја имаа уште во 3. минута кога од некаде од 16 метри биеше Јани Атанасов, но топката помина над голот на молдавскиот голман.

Најголемата шанса Македонија ја имаше во 23. минута кога Елиф Елмас биеше од близина, но само го погоди противничкиот голман. Молдавците својата прва шанса ја имаа во 33. минута кога по еден центаршут Бабогло биеше кон голот на Димитриевски, но топката заврши во гол-аут.

Молдавија имаше нова шансаво 40. минута, но по ударот на Мотпан одлично интервенираше Столе Димитриевски.

Кога сите очекуваа крај на првото полувреме, капитенот Барди биеше од голема далечина, удар по кој лошо интервенираше голманот на Молдавците, а во цела ситуација најдобро се снајде Бојан Миовски кој донесе водство за Македонија од 1-0.

North Macedonia 1-0 Moldova – Veaceslav Posmac OG 45’+1′
byu/Meladroitdimage insoccer

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА – Молдавија (1-0)

Стадион „Мардан“ во Анталија. Гледачи:100. Стрелец: Миовски 45’+1 (Мкд)

МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 2. Ахмед Илјазовски, 4. Никола Серафимов, 6. Висар Муслиу, 7. Елиф Елмас, 8. Езѓан Алиоски, 10. Енис Барди, 11. Дарко Чурлинов, 19. Милан Ристовски, 20. Бојан Миовски, 21. Јани Атанасов

МОЛДАВИЈА: 23. Доријан Раилиан, 2. Олег Реапчук, 4. Владислав Бабогло, 5. Вачеслав Посмак, 7. Артур Ионица, 8. Никита Моцпан, 13. Максим Кожокару, 14. Артур Кречук, 17. Вирчиау Постолаки, 22. Вадим Раца, 26. Виктор Мудрак

Се вчитува...