Одложен натпреварот меѓу Северна Кореја и Јапонија

Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Кореја и Јапонија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година нема да се одигра според планираното поради „непредвидени околности“.

„Натпреварот меѓу Демократска Република Кореја и Јапонија, закажан за 26. март, нема да се одигра според планираното поради непредвидени околности“, соопшти Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

АФЦ на денешниот состанок соопшти дека натпреварот ќе се игра на неутрален терен.

Јапонија е прва на табелата од втората фаза од натпреварувањето со сите девет бодови, Сирија има четири, Северна Кореја три, а Мјанмар еден бод.

Се вчитува...