Жоржињо ќе биде „новиот Пирло“ на Јувентус?

Јувентус е на добар пат да осигура значаен пoтпис за наредната сезона по информацијата дека „старата дама“ е многу блиску до ангажман на Жоржињо, искусниот играч за врска кој летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со Арсенал.

Преговорите меѓу лондонскиот клуб и 32-годишниот плејмејкер неочекувано беа прекинати на барање на самиот фудбалер, кој сега сериозно ја разгледува опцијата да се врати назад во Серија А. Камбек во Наполи не е опција, туку Јувентус е клубот што најсилно притиска за овој фудбалер и би можел да потпише преддогоор во следните дваесетина дена.

Челниците на Јуве се надеваат дека и со Жоржињо ќе имаат сличен успех како при трансферот на Андреа Пирло, кој во 2011 на 32-годишна возраст како слободен играч потпиша за „црно-белите“ од Торино. За многумина трансферот беше чуден, но Пирло се наметна како лидер на тој тим на Јувентус, носејќи му неколку скудета пред да си замине во САД во 2015.

Она што „старата дама“ го нуди е првотимски статус и улога на лидер, додека останатите заинтересирани клубови на Жоржињо гледаат како на ветеран кој може да помогне со исксутво, но не со улога на стандарден првотимец.

Се вчитува...