Триумф на Холандија во знакот на „бомбата“ на Рејндерс (видео)

Холандија триумфираше со убедливи 4-0 на денешниот пријателски дуел со Шкотска, на кој „лалињата“ покажаа две дијаметрално спротивни изданија во двте полувремиња. Првиот дел мина далеку под очекуваното ниво за избраниците на Куман, кои дозволија на противникот да доминира на теренот и да создава шанси. Сепак, Холандија беше селекцијата што успеа да стигне до водство благодарение на Рејндерс, откако плејмејкерот на Милан со извонреден проектил од 25 метри го матираше гостинскиот голман.

Двајцата селектори направијa серија измени во второто полувреме, за во завршните дваесетина минути Холандија целосно да го скрши шкотскиот отпор. Вајналдум погоди за предност на домаќините од 2-0, а потоа во самиот финиш прецизни беа и Вегхорст и Мален.

Унгарија ја потврди добрата форма на нецели три месеци пред стартот на ЕВРО 2024 откако вечерва славеше со 1-0 над Турција. Собослаи беше стрелец на единствениот гол од пенал кон крајот на првото полувреме, откако еден гостински фудбалер играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Унгарците во 93. минута постигнаа и втор гол преку Шефер, што беше поништен поради минимален офсајд.

Се вчитува...