Англија ослабена: Хари Кејн нема да игра против Бразил

Англиската репрезентација ќе биде значително ослабена за вечерашниот фудбалски спектакл против Бразил на „Вембли“, откако Хари Кејн отпадна од комбинација за настап против „кариоките“.

Најдобриот стрелец на Англичаните се повреди на последниот дуел за Баерн Минхен, тој допатува во Лондон во обид да се рехабилитира навреме за настап, но Кејн ја загуби трката за време. Според селекторот Герет Саутгејт, мали се шансите одличниот голгетер да се рехабилитира навреме и за вториот мартовски тест, дуелот со Белгија закажан за вторник.

„За мечот со Бразил, дефинитивно ќе ги немаме Хари Кејн, Џордан Хендерсон и Кол Палмер. Нема да можат да играат бидејќи се повредени. Што се однесува до Белгија, би рекол дека поголеми шанси имаат Хендерсон и Палмер отколку Кејн“, изјави Саутгејт.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека англискиот селектор пред самиот почеток на подготовкит остана и без Букајо Сака, кој доби дозвола да се врати во Арсенал за да ја санира здобиената повреда.

Се вчитува...