Хакан Чалханоглу експресно се наметна како еден од лидерите во средниот ред на Интер по трансферот од таборот на градскиот ривал Милан, турскиот репрезентативец e незаменлив во тактичките замисли на тренерот Инзаги, па јасно е зошто Чалханоглу се чувствува прекрасно на „Џузепе Меаца“.
Интер веќе го договори трансферот на Зјелински од Наполи за летниот преоден рок, се најавува дека еден од постоечките играчи за врска ќе мора да си замине, но Чалханоглу јасно стави до знаење дека тој нема намера да ги менува клупските бои во текот на летово.
„Дали ќе останам во Интер? 100% сум сигурен, за мене нема друг клуб во моментов. Играме добар фудбал и сме многу блиску до скудетото, се надевам дека наскоро ќе го освоиме и ќе имаме причина за славје. Елиминацијата од ЛШ? Игравме добар фудбал во двете средби со Атлетико, но на крајот загубивме на пенали. И тоа е дел од фудбалот, разочарувањето не трае премногу долго, верувам дека следната година повторно ќе атакуваме на трофејот во ЛШ, а во меѓувреме ќе се насочиме на борбата за титулата во Италија“, изјави Чалханоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА