Радуловиќ: Сега се е завршено за нас, честитки за играчите кои го оставија срцето на терен

Дарко Радуловиќ и Пелистер ја заврши оваа сезона во АБА2 со пораз од Спартак Суботица, откако го загубија денешниот дуел со Спартак Суботица со резултат 81-88.

Битолчани со двата порази во последните две рунди ги загубија шансите за настап во плејофот, завршувајќи ја сезонава со скромни пет победи и осум порази во регионалното натпреварување.

„Честитки до тимот на Спартак за победата. Трет меч по ред игравме квалитетно, со сите ресурси, со цела ротација што ја имавме, се боревме најмногу што можевме против тимот што има можеби и најголем квалитет во лигата. Не би сакал да го коментирам судењето, има луѓе кои треба тоа да го увидат. Сега се е завршено за нас, можам да им честитам на моите кошаркари за начинот на кој се бореа и го оставија срцето на терен“, изјави Радуловиќ по натпреварот.

Се вчитува...