М-19 репрезентацијата поразена и од Швајцарија (фотогалерија)

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години го загуби и вториот меч од квалификацискиот турнир во Скопје, овојпат од врсниците од Швајцарција со резултат 0-2.

По неуспехот на првиот меч со Украина, денешниот пораз значеше и дефинитивно губење на шансите за пласман на ЕП. Швајцарците подобро го отворија дуелот и со својата прва шанса постигнаа гол преку Лингуе во 12. минута. Нашите фудбалски надежи се обидоа да сторат нешто повеќе, но не успеаја да стигнат до израмнување.

Наместо тоа, Швајцарија на спротивната страна постигна и втор гол преку „резервистот“ Бени во 80. минута и ја осигура победата.

По денешниот пораз нашите млади фудбалери во последното коло ќе се сретнат со Белорусија во битка за третото место во групата, ако се знае дека овие две селекции досега се без постигнат гол и освоен бод на турнирот во Скопје.

 

Се вчитува...