Мерет останува на голот на Наполи

Наполи нема да биде на пазарот за врвен голман во претстојниот преоден рок откако „наполитанците“ решија да го задржат Алекс Мерет, активирајќи ја клаузулата за продолжување на соработката со овој чувар на мрежата.

Договорот на Мерет истекуваше на крајот од оваа сезона, но во него имаше клаузула со која Наполи можеше да го задржи ако тој сезонава брани на најмалку 70% од натпреварите на „сино-белите“ од Неапол. Оваа бројка е значително надмината ако се знае дека Мерет е стандарден „број еден“ во Наполи, па претседателот Де Лаурентис реши да го задржи овој голман наместо да троши богатство на пазарот.

Мерет е член на Наполи уште од 2018 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Удинезе.

Се вчитува...