Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта обелодени дека каталонскиот гигант одбил мегапонуда од 200 милиони евра за својот нов „бисер“ во тимот, 16-годишниот Ламине Јамал.
Тинејџерот игра неверојатно за своја возраст и важи за еден од најперспективните фудбалери во светот, а ПСЖ преку агентот Жорге Мендеш во текот на зимскиот преоден рок испратил неверојатна понуда, за малку пониска од оние 222 милиони за кои францускиот гигант го доведе Нејмар.
„Пазарот е сменет. Добивме понуда за играч како Ламине Јамал, понуда од 200 милиони евра. Нашиот одговор беше НЕ. Затоа што имаме доверба во ова младо момче, во неговиот спортски амбиции кои се поврзани со Барса. Наспроти она што се пишува во медиумите, немаме ни притисок да ги продаваме најдобрите фудбалери во тимот. Точно е дека сме во фаза на финансиска стабилизација, но го гледаме светлото на крајот на тунелот. Ќе бидеме активни и на летниот пазар, нема да купуваме суперѕвезди, туку играчи кои можат да се вклопат во нашиот тим и стил на игра“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

