Главоболка за Гвардиола: Се повреди важен првотимец на Манчестер Сити

Пеп Гвардиола има причина за загриженост по вечерашниот дуел меѓу Англија и Бразил откако Кајл Вокер заработи незгодна повреда поради која мораше да излезе од игра по дваесетина минути на теренот на „Вембли“.

Вокер се здоби со удар по еден дуел, се обиде да го продолжи натпреварот, но откако болката не престана самиот побара да биде заменет. Позитивно е што тој барем одеше нормално по замената, не барајќи лекарска помош додека го напушташе теренот, а Вокер по краткиот разговор со селекторот Саутгејт веднаш се упати кон соблекувалната на „гордиот албион“.

Деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на одличниот десен бек од терените. За потсетување, Манчестер Сити веднаш по репрезентативната пауза го очекува големото дерби со Арсенал во Премиер-лигата, по што ќе следи и двомечот со Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...