Австрискиот репрезентативец Криштоф Баумгартнер испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал постигнувајќи го најбрзиот гол на меч меѓу две национални селекции.
Само шест секунди беа доволни за Баумгартнер да ја затресе мрежата на Словачка на вечерашниот натпревар, уривајќи го досегашниот рекорд на Лукас Подолски, кој во 2013 година постигна гол за Германија на пријателскиот дуел со Еквадор по седум секунди игра.
Извонредниот погодок на Баумгартнер можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Австрија го доби овој натпревар со 0-2, а по водечкиот гол на Баумгартнер конечните 0-2 во 83. минута ги постави Андреас Вајман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

