Лудо е на вечерашните пријателски натпревари ширум Европа, Австриецот Баумгартнер го постигна најбрзиот гол во историјата на репрезентативниот фудбал стрелајќи прецизно во 6. секунда против Словачка, задва часа подоцна Флоријан Вирц да ја затресе мрежата на Франција по нецели седум секунди игра.
Германскиот суперталент ги шокираше сите на стадионот, француските фудбалери како да не беа подготвени за стартот, Германците веднаш тргнаа кон нивнито гол, а Вирц со проектил до над 20 метри го матираше голманот Самба.
Неверојатниот гол на асот на Баер Леверкузен и германската репрезентација може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

