Неверојатна трка ни донесе големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот. Трикратниот светски шампион во низа Макс Ферстапен по девет победи во низа, конечно не заврши една трка откако мораше да го напушти австралиското гран-при уште во третиот круг од денешната трка.
На крајот до неверојатна победа стигна возачот на Ферари, Карлос Сајнц кој откако ја пропушти поради операција минатата трка во Саудиска Арабија, на феноменален начин стигна до триумф во Мелбурн.
Второто место му припадна на Шарл Леклер исто така во Ферари, додека подиумот го надополни Ландо Норис во Мекларен. Во топ 10 се најдоа уште и: Пјастри, Перез, Алонсо, Строл, Цунода, Хулкенберг и Магнусен.
Покрај Ферстапен, трката не ја заврши и седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА