Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон стејт го завршија својот настап на „Мартовското лудило“, турнирот на кој учествуваат кошаркарските тимови од американските универзитети.
По победата над универзитетот Дрејк во првата фаза, синоќа во второто коло Кугарс загубија од Ајова стејт со 56-67. По израмнетото прво полувреме Ајова стејт клучната разлика ја направи во вториот дел.
Нашиот кошаркар немаше баш најдобар ден, завршувајќи го мечот со само три поени и со реализација 1 oд 7 од игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА