Одбојкарките на Струмица жени стигнаа до титулата во Националниот куп на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот кој се игра во Штип славеа над Јанта волеј со убедливи 3-0, по сетови 25-20, 25-12 и 25-14.
Струмичанки во 31. куп финале стигнаа до својот прв историски трофеј, во меч во кој освен во првиот сет во кој скопјанките стигнаа до 20 поени, во ниту еден друг период не беше доведена победата во прашање.
Од 15 часот во машкото финале ќе се сретнат УГД Штип и Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА