Рома успеа да најде спортски директор, изборот паднал на директорот на Монца Франсоа Модесте, пренесуваат италијанските медиуми.
Римскиот клуб е без спортски директор од јануари, откако Тиаго Пинто се повлече од функцијата по заминувањето на Жозе Мурињо. По добрите резултати во Монца, каде што формираше тим кој успеа да го задржи статусот на прволигаш, Французинот ќе се упати кон главниот град на Италија.
Модесте не беше единствениот кандидат за директор на Рома, се зборуваше дека актуелниот тренер Даниеле де Роси сака да ги види Николас Бурдисо и Александар Коларов на таа позиција, но за Французинот беше извршната директорка на клубот Лина Сулоку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА