Поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација и светски шампион, Кафу е принуден да ја продаде својата вила за да ги отплати долговите и да избегне банкрот.
Според пишувањата на медиумите, Кафу има долг од 1,8 милиони евра, а за да го реши тој проблем, неволно ја ставил на аукција вилата во Сао Паоло. Вилата е проценета на 7,4 милиони евра, а доколку не се продаде за таа сума, постои можност на крајот да биде продадена за половина од сумата.
Кафу не е најсреќен што мора да се откаже од замокот за кој вели дека е семејна вредност, но се чини дека нема друг избор. Вилата со имотот се простира на површина од 2.5000 квадратни метри и има шест луксузно опремени спални соби, фудбалско игралиште, сауна, соба за трофеи, кино, лифт…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА