Станојковски и Николов ги одбранија титулите во пинг-понг

Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше местото на главниот настан во македонскиот пинг-понг изминатиот викенд, откако во оваа рена беше одржано Државното првенство за сениори и сениорки во категории поединечно, машки и женски двојки и мешани двојки.

Ланските победници ги одбранија титулите, но имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај женските малата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Додека кај машките изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22ро рангиран успеа да стигне до третото место.

Конечните резултати се следните:

Резултати од Микс двојки:

  1. Филип Младеновски и Амелија Николов – ППК Шампион Фа
  2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  3. Нико Доага и Софија Хасану – ППК Младост
  4. Даниел Главевски – ППК Пелагонија и Фани Јованоска – ППК Зегин Берово

Резултати од машки двојки:

  1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
  2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев – ППК Младост
  3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски – ППК Телеком Нец 2
  4. Александар Кралев и Филип Младеновски – ППК Шампион Фа

Резултати од женски двојки:

  1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа
  2. Фани Јованоска – ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска – ППК Крива Паланка
  3. Софија Хасану и Емилија Марковска – ППК Младост
  4. Сара С. Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска – ППК Младост 96

Резултати од поединечна конкуренција.

Машки:

  1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
  2. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
  3. Лука Стојчев – ППК Младост
  4. Венко Стојанов – ППК Радовиш

Женски:

  1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа
  2. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
  3. Сара Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
  4. Софија Хасану – ППК Младост

Се вчитува...