Дани Алвеш денеска излегува од затвор и од слобода ќе се брани до крајот на судскиот процес против него и поднесената жалба за пресудата од четири и пол години затвор што му беше изречена пред неколку месеци. Бразилецот беше осуден за силување на девојка во ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година, тој од почетокот на процесот тврдеше дека е невин, но доказите го покажаа спротивното.
Согласно шпанските закони, заминувањето од затворот со кауција е возможно ако осуденикот минал една четвртина од изречената затворска казна, па може да се брани од слобода додека трае жалбениот процес. Кауцијата изнесуваше еден милион евра, што денеска Алвеш успеа да ја уплати како гаранција до Судот, па во 18 часот би требало да го напушти затворот.
Одземени му се и шпанскиот и бразилскиот пасош, а засега останува нејасно од каде му се на Алвеш парите ако се знае дека сите банкарски сметки во Шпанија му се блокирани, а поранешниот ас на Барселона на почетокот од судскиот процес тврдеше дека се наоѓа пред банкрост. Каталонските медиуми минатата седмица тврдеа дека Нејмар и неговиот татко се погрижиле за плаќањето на кауцијата, но тоа беше експресно демантирано од таткото на поранешниот соиграч на Дани од Барселона.
Неговата сопргуа Данора Санц веќе покрена процедура за развод од фудалерот, неколку месеци по почетокот на судењето порачувајќи му дека „тој е мртов за неа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

